За проектот

Покрај растечката глобална потреба за приватно обезбедување, евидентна е праксата на заминување на работници и голема флуктурација, што алудира на систематски проблем во овој сектор. Неколку меќународни истражувања укажуваат на неусогласеност помеѓу вештините стекнати со оновната обука за приватно обезбедување и потребата на пазарот од поседување трансверзални-меки вештини.

Во исто време, работодавачите се во постојано побарување на квалификувани работници и се свесни за потребата од специјализирани обуки за работниците, но за жал со оглед на општата економска состојба, ретко се во можност истите да ги обезбедат.

Имајки го наведеното во вид, коморите за приватно обезбедување од 5 европски земји, како репрезентативни национални организации со јавни овластувања во секторот приватно обезбедување воспоставија партнерство за развој на проект именуван „Треин Бреин Софт – Развој на стандардизиран курикулум и е-алатки за меки вештини за кадарот во приватното обезбедување“.

Целите на проектот се: унапредување на постигнувањата во релевантни, напредни трансверзални компетенции во форма на доживотно учење за приватно обезбедување, обезбедување иновативна дигитална тренинг алатка. Општата цел на проектот е да се зголеми вниманието на законодавецот за зајакнување на актуелните политики за обуки за приватно обезбедување, ефикасна примена на андрагошки практики во функција на развој на трансверзални вештини.

Во рамки на проектот „Треин Бреин Софт – Развој на стандардизиран курикулум и е-алатки за меки вештини за кадарот во приватното обезбедување“ врз основа на темелно и сеопфатно истражување креирани се: Курикулум за меки (трансверзални) вештини за приватно обезбедување и Модуларна тренинг програма за меки вештини за приватно обезбедување. Дополнително, продуцирани се и практични алатки: Прирачник за меки вештини за приватно обезбедување и електронска алатка.