Модуларна тренинг програма за меки вештини за приватно обезбедување

ВИД НА ПРОГРАМА

Континуирана обука, односно дополнителна едукација од областа меки вештини, се спроведува по полагањето на стручниот испит за приватно обезбедување и се изведува периодично со што се развиваат знаењата и вештините на работниците за приватно обезбедување.

 

СЕГМЕНТИ (ОБЛАСТИ) / ПРЕДМЕТИ

Комуникациски вештини во вршење приватно обезбедување;

Човековите права и слободи и приватното обезбедување;

Професионален стрес кај приватното обезбедување  .

 

КОРИСНИЦИ-СУБЈЕКТИ

Работници за приватно обезбедување;

Раководни лица и друг персонал од правните лица кои вршат приватно обезбедување;

Други лица.

 

ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ (СТЕКНАТИ СПОСОБНОСТИ)

ОД ОБЛАСТА КОМУНИКАЦИИ:

Вештина на креирање на стил на интерперсонална комуникација, кој ќе биде прилагоден на соодветната ситуација;

Способност за користење на вербално и невербално комуницирање (општење);

Познавање на јазичните и граматички правила со цел остварување на соодветна писмена комуникација и коресподенција;

Способност за соодветно, јасно и прецизно пренесување на информации од страна на работниците за обезбедување и за подготовка и пренос на извештаи;

Други знаења и вештини.

ОД ОБЛАСТА ЧОВЕКОВИ ПРАВА И СЛОБОДИ:

Запознавање на националните и меѓународните стандарди за човековите слободи и права стипулирани во меѓународните инструменти за нивна заштита (декларации, конвенции и сл.);

Способност да се препознае ситуација или субјект кој ужива посебна заштита или репертоар на специјализирани права;

Познавање на границите за употреба на сила, одбивање напад и воопшто на преземање на дејствија од делокругот на надлежностите, преку кои постапувањето го губи легитимитетот и станува противправно затоа што претставува  повреда на индивидуални или колективни права;

Препознавање на ситуации кои вклучуваат посебни ранливи групи на лица: деца, болни лица, мигранти, бегалци, стари лица и др., познавање на нивните права и специфичниот облик на заштита;

Познавање на стандардите востановени во праксата на Европскиот суд за човекови права за нивниот опсег и заштита на релевантните права и слободи.

ОД ОБЛАСТА ПРОФЕСИОНАЛЕН СТРЕС:

Способност за самоконтрола и соодветна реакција на проблем со кој работникот за приватно обезбедување се соочува на терен во дадена ситуација;

Способност за одржување мир и присебност во високостресни и опасни околности;

Способност за предвидување и признавање на влијанието на менталните, психичките, културни и други разлики кај луѓето во различното делување во сличн ситуации;

Вештина на препознавање на сопствените предрасуди и нивното влијание во конкретни ситуации.